Нехамер: Приклучувањето кон НАТО не е опција за Австрија

Австрискиот канцелар Карл Нехамер оцени дека има нов квалитет во соработка меѓу неутралните и неврзаните земји, како Австрија, и НАТО, но и дека членството на Виена во западната воена алијанса не е опција и не треба да се разгледува.
-Австрија е и останува неутрален, но и доверлив партнер во однос на безбедносната политика, изјави Нехамер, кој учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.
Тој потсети дека Австрија веќе е активна во мировните мисии на ЕУ со околу 400 војници, како и со 300 во мисиите на НАТО.
Според него, Австрија како неутрална земја може да се солидаризира и да делува како посредник.
Тој ја оцени како нов квалитет во односите поканата од шпанскиот колега Педро Санчез да присуствува на „евроатлантската вечера“, на која, покрај претставници на земјите од НАТО, присуствуваа и неврзаните членки на ЕУ и, како што рече, , можеби пресвртница во соработката.
Тој посочи дека тоа најверојатно е последица на војната во Украина.
-Соработката НАТО-ЕУ е важен дел од одбранбената и безбедносната политика, рече Нехамер.
Генералниот секретар на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), Михаел Шнедлиц, учеството на Нехамер на Самитот на НАТО го оцени како погрешен и фатален сигнал.
-Нехамер повторно му штети на нашиот статус на неутрална земја. „Н“ во името на НАТО дефинитивно не се залага за постојана неутралност, нагласи тој.
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
