Недела на италијанската кујна во земјава

Со курс по италијанската кујна, на кој присуствуваше и амбасадорот на Италија во земјава Карло Ромео, денеска во Скопје беше означен почетокот на Неделата на италијанската кујна.
Како што соопшти италијанската агенција ИТА од Скопје, на курсот по италијанската кујна за професионални готвачи, студенти, ученици и аматери, на кој присуствувале повеќе од 120 гости, Ромео ја презентирал програмата на Неделата на италијанската кујна, која вклучува низа настани во организација на Амбасадата.
Во текот на целата недела се предвидени разновидни настани наменети за љубителите на италијанската храна и вино, за готвачи-професионалци и за аматери, како и за компании заинтересирани за увоз и дистрибуција на италијанска храна и вино.
– Љубителите на италијанска храна и специјалитети ќе имаат можност да уживаат во врвната кулинарска уметност на италијанските италијански професори по кулинарство од Институтот за угостителство „Ансел Киз“ од Чиленто во Италија, кои ќе гостуваат на повеќе локации низ градот, велат од агенцијата.
Четвртата Недела на италијанската кујна во светот, од 18 до 24 месецов, е настан од светски рамки, организиран под покровителство на италијанското Министерство за надворешни работи, со цел промоција на италијанската ено-гастрономска култура и традиција, сo посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и територија.
– Медитеранскиот начин на исхрана, таканаречената „медитеранска диета“, е централна тема на овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна во светот, соопшти агенцијата.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
