-->
-->
Не се знае дали ќе преживее Дарко Лазиќ
-->
Српскиот пејач со тешки повреди се наоѓа на интензивна нега во земунската болница, откако утрово доживеа тешка сообраќајка по која се бори за живот. Дваесет и седумгодишниот Дарко Лазиќ, кој годинава неколкупати ги полнеше балканските таблоиди кога го фатија со дрога и се разведе, со автомобилот излетал од патот и се превртел на кров, а потоа едвај го извадиле од смачканото возило.Во моментот на несреќата тој во своето БМВ бил сам, а го извлекувале пожарникари. Пејачот немал појас, тешко е повреден и ќе му се земе крв да се види дали бил пијан.
Дарко Лазиќ е во животозагрозувачка состојба. Не е опериран, зашто лекарите не знаат дали има внатрешно крвавење. Успеале да му ја наместат скршената бутна коска, на апрати за дишење е и е во вештачка кома.
Курир дознава дека има хематом на главата и е интубиран, има скршени ребра, нога, бутна коска…
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
