Не е Шехерезад, ниту Хурем: Ова е најплатената турска актерка

Не постои партнер во сериите со кого глумела, а да не ја поврзувале дека е партнер и во приватниот живот. Важи за најубава актерка во Турција, со хонорар од 30.000 евра по епизода.
Поранешната манекенка Чансу Дере е родена на 18-ти октомври 1980 година во Анкара, од татко трговец и мајка наставничка. Како тинејџерка сакала да се занимава со танц и балет, но била превисока за тоа, па се ориентирала на манекенство. Кога здодело манекенството, Чансу станала актерка.

Иако била дел од модниот свет, денеска воопшто не ја следи модата, а во плакарот има фармерки и едноставни фустани. Сака да готви, но готви главно зеленчук, па не морала никогаш да држи диети.

Била втора придружничка на Мис Турција во 2000 година, но самата нема превисоко мислење за својот изглед.

–Ја обожавам глумата, но не и славата, зашто на јавно место немам ниту пет минути мир. Секој мој збор, секоја моја постпка се анализираат, а тоа ми го први животот напорен. Кога ќе размислам подобро, тоа е мала цена што треба да се плати за сето добро што ми го носи глумата, вели таа.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
