НДМ: МВР лаже дека работи на атентатот врз Глигоров

Народно движење за Македонија најостро реагира на вчерашната голема лага на МВР по повод 22 години од атентатот врз Глигоров дека и натаму се работи на расветлување на атентатот, бидејќи, со телеграма на МВР сите организациски единици на тајната полиција и криминалистичката служба се известени дека Штабот на оперативната акција „Автомобил„ со седиште во МВР веќе не постои.
Значи, атентатот врз Глигоров повеќе не е предмет на систематско и организирано работење на МВР, бидејќи полициската истрага е затворена со укинувањето на оперативната акција со кодно име „Автомобил„ во која требало да се слеваат сите сознанија и податоци од значење за овој немил настан.
Затоа, НДМ го повикува МВР да престане да ја замајува јавноста дела се работи на атентатот врз Глигоров и да одговори на суштинското прашање кое ја интересира јавноста - Кој и зошто ги укинал Штабот и оперативната акција „Автомобил„?
Центар за комуникации со јавноста на НДМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
