-->
-->
НБА лига: ЛА Лејкерс „најдоа лек“ за Милвоки
-->

Кошаркарите на ЛА Лејекрс ноќеска остварија победа над Милвоки во еден од четирите одиграни натпревари. За „езерџиите“ ова е четврта победа сезонава, додека Милвоки откако во претходиот дуел ја прекина серијата победи на првакот Годен Стејт повторно доживеа пораз. Коби Брајант со 22 поена беше најефикасен на натпреварот.
На првата позиција на „Исток“ се зацврстува Кливленд откако оствари нова победа и тоа на гостувањето кај Бостон. Одличната игра во одбрана во вториот дел (примија 31 поен) го донесе триумфот за Кливленд. Леброн Џејмс со 24 поени беше најпрецизниот на дуелот.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари: ЛА Лејкерс – Милвоки 113:95, Бостон – Кливленд 77:89, Минесота – Денвер 100:112 и Сакраменто – Хјустон 107:97.
Вечерва се играат 12 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
