НБА: Денвер славеше во Торонто

Српскиот центар Никола Јокиќ го реши дербито на лидерите во Источната и Западната конференција во НБА лигата. Денвер Нагетс гостуваа кај Торонто Репторс и забележаа победа 106:103.
Јокиќ ги постигна последните три поени на мечот од линијата за слободни фрлања. Откако на седум секунди до крајот на мечот Каваи Ленард го израмни резултатот на 103.103, Серж Ибака направи глупав фаул врз Јокиќ, во ситуација кога топката беше надвор од теренот.
Денвер добија слободно фрлање од топка од страна, Јокиќ го реализира слободното, а потоа уште еднаш беше фаулиран и од линијата за слободни го постави конечниот резултат.
Српскиот кошаркар натпреварот го заврши со трипл-дабл од 23 поени, 11 скока и 15 асистенции. Јокиќ го забележа 18. трипл-дабл во кариерата.
Покрај него кај Денвер се истакнаа уште и Џамал Мареј со 21, односно Хуанчо Ернангомез и Малик Бизли со по 15 поени. Торонто го предводеше Ленард со 27 поени и осум скока.
Денвер со 16 победи и седум порази се лидери на Западот додека Торонто со скор 20/5 го предводат Истокот.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: За брзо време ќе биде откриен причинителoт за влевање на непозната материја oд Лeпeнeц вo Вардар
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
