-->
-->
НБА: Далас победи во ЛА, порази на Лејкерси и Денвер
-->
Далас со Лука Дончиќ успеа да ги победи ЛА Клиперс, додека ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс, без Леброн Џејмс и Никола Јокиќ запишаа нови порази во НБА лигата.Далас Маверкс ја прекинаа серијата од три порази. Во продолжението Маверикс славеа во Лос Анџелес со 112:104. Дончиќ се врати по повредата и заедно со Кристапс Прозингис го предводеше тимот.
Словенецот забележа 26 поени и по девет скока и асистенции, Летонецот постигна 30 поени.
Кај Клиперс се истакнаа Џарен Џексон со 31 и Пол Џорџ со 26 поени.
Денвер во Портланд загубија со 100:119. Нагетс се во серија од пет порази, три од нив забележаа без Јокиќ. Покрај поразот, Мајк Мелоун се соочи со повреда на уште еден играч, во текот на првото полувреме коленото го повреди Пи-Џеј Доужер.
Си-Џеј Мекалум постигна 32, а Демијен Лилард 23 поени за Портланд. Џеф Грин со 24 и Монтеј Морис со 16 поени се истакната кај Денвер.
ЛА Лејкерс, без суспендираниот Леброн Џејмс и болниот Ентони Дејвис, паднаа во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк. Никс славеа победа 106:100.
Лејкерси успеаја да се врата во мечот, откако губеа со разлика од 25 поени, но на крајот немаа сили за целосен пресврт.
Еван Фурније беше најефикасен со 26 поени, додека Џулиус Рендл против поранешниот тим забележа 20 поени, 16 скока и пет асистенции. На спротивната страна Расел Вестбрук забележа трип-дабл (31 поен, 13 скока, 10 асистенции), а потфрли екс-играчот на Њујорк, Кармело Ентони, кој погоди само три од 14 обиди од игра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
