Навреме и непречено почна гласањето во Прилеп
Навреме, точно во 7 часот се отворени сите 142 избирачки места во Прилеп и гласањето во вториот круг од претседателските избори почна непречено, информираат од Општинскта изборна комисија.
Нема никакви проблеми на избирачките места. Билјана Трајкоска, заменик-претседател на избирачкиот одбор на местото 1362 во прилепската населба Рид, каде што во некогашниот дом на месната заедница се четири избирачки места, очекува и целиот изборен ден да помине непречено како и во првиот изборен круг.
-Точно во 7 часот е отворено избирачкото место 1362. Запишани се 783 избирачи и очекуваме мирен изборен ден како и во првиот круг на изборите. Веќе првите граѓани гласаа и го остварија своето право на глас, изјави Трајкоска.
Првите избирачи кои веќе го остварија своето право на глас очекуваат мирен изборен ден во демократска атмосфера.
Во избирачкиот список во Прилеп се запишани 63 941 граѓанин со право на глас. Гласањето навремено почна и во Крушево каде на 23 избирачки места денеска гласаат 7 920 избирачи, во Долнени се гласа на 40 изборни места каде се запишани 11 506 гласачи, а во Кривогаштани 4 678 гласачи своето право на глас го остваруваат на 13 избирачки места.
Ново на Сител
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд

