-->
-->
Наутро студено, а преку денот сончево, температурата до 10 степени
-->

Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје утрото студено со услови за слаба магла, а преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно, на почетокот на неделата со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
