НАТО воведува кибер војување во рамки на своите сили

Членките на НАТО се договорија кибер операциите да станат дел од начинот на војување на Алијансата заедно со операции од воздух, море и од копно, како и да се засили одбраната на своите компјутерски мрежи.
Одлуката за формално вбројување на кибер операциите во воени операции не е насочена против ниту една држава.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг нагласи дека државите членки треба да бидат во состојба подобро да се одбранат и да одговорат на напади покренати против нивни компјутерски мрежи.
Западни медиуми јавуваат дека таква одлука е долго очекувана особено поради се поголемите тензии со Русија.
Во 2011 година САД ги прогласија кибер нападите како официјален начин на војување со објаснување дека одбраната на кибер просторот се третира како одбрана од кој било друг вид напад.
Ново на Сител
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува
-

Заврши втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД
-

Опозициски прашања во Парламентот - во фокусот мерките за справување со кризата
-

Ацо Ристов изгласан за претседател на Регулаторна
-

Истражување на ИППСИ: Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста - учениците читаат, но не разбираат
-

ДЗР: Населението во Македонија енормно старее, има повеќе пензионери од работници
-

Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
