Нашиот репрезентативец Алиоски потпиша за Трабзонспор на едногодишна позајмица

Македонскиот репрезенатативец Езгјан Алиоски ќе потпише едногодишен договор со турскиот шампион Трабзонспор и ќе дојде во клубот како позајмен играч од Ал-Ахли. Тој има уште една година од актуелниот договор со Ал – Ахли иако имаше најави и за негово раскинување со оглед дека клубот испадна од елитата на Саудиска Арабија
Сепак, и доколку тоа не се случи, веројатно дека ќе биде склучен договор меѓу двата клуба за едногодишна позајмица на Алиоски во Трабзонспор.
Македонецот ќе заработува два милиони евра во турскиот првак, плус дополнителни бонуси за успеси, со кои заработката би можела да се искачи и до три милиони евра за претстојната сезона.
Според турските медиуми, се е договорено, а Алиоски треба да стави потпис на едногодишен договор со Трабзон.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
