Наредните денови во Град Скопје ќе се прска против комарци

Во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци, информираат од Град Скопје.
Како што е наведено во соопштението, терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од утре до сабота, односно 25.06 во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден, а авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, пак, ќе се одвива на 25.06, сабота и наредниот ден во раните утрински часови.
Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а воедно порачуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
