-->
-->
Направен сладолед за лечење на мамурлак!
-->

Јужна Кореја важи за азиска земја во која луѓето најмногу пијат алкохол па правењето лек за мамурлак е логичен след на настаните. Се работи за сладолед за мамурлак кој е наречен Gyeondyo-bar.
Gyeondyo-bar има вкус на грејпфрут со мала количина на ориентален овошен сок од стебло на суво грозје. Сокот од грозје е состојка која во Кореја се смета за лек за мамурлак уште од 1600-тите години, кога како таков е наведен во една книга.
Студијата од 2012 година која е објавена во списанието The Journal od Neuroscience открила дека екстрактот од грозје може да ги намали ефектите од опиеност кај глувците.
„Gyeondyo-bar во превод значи држи се и им помага во проблемите кај тие кои треба да работат по помината ноќ богата со алкохол и пружа утеха на тие кои мора рано да одат на работа по една таква забава” – се наведува во соопштението на ланецот продавници Withme FS која го произвела сладоледот.
Резултатите од истражувањето од 2013 година покажале дека Јужна Кореја годишно изгубила осум милијарди долари поради слаба продуктивност, медицинските трошоци и прерана смрт предизвикана од конзумирање на алкохол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
