Напаѓачи убиле шест аеродромски службенички во Кандахар

Најмалку шест лица се убиени на аеродромот во провинцијата Кандахар, меѓу кои пет аеродромски службенички.
Инцидентот се случил кога најмалку тројца вооружени мотоциклисти отвориле оган врз автомобилот со кој службеничките оделе на работа.
Директорот на аеродромот изјавил дека службеничките работеле за приватна авио компанија, која го прегледувала багажот и по потреба ги претресувале патниците на аеродромот.
Тој објасни дека по бројните закани од страна на лица кои не се согласуваат дека жените треба да работат, претставничките на понежниот пол се загрижени за својата безбедност.
Засега никој не е уапсен, ниту е преземена одговорност за нападот.
Канцеларијата на државниот обвинител во првите осум месеци од годинава регистрирала 3.700 случаи на насилство врз жените.
Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
