-->
-->
Нападнат полицаец во Скопје
-->
Нападнат полициски службеник за време на должност во Скопје. Како што информира МВР, СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Б.А. (32) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело - “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Имено, вчера ( 26.04.), околу 02.30 часот во Скопје, додека двајца полициски службеници вршеле патролна служба по улица „Иван Хаџиниколов“ со службено возило „Шевролет Спарк“, го забележале Б.А. како физички напаѓа друго лице. При обид да го легитимираат и преземат службени дејствија тој почнал да ги навредува, а во еден момент физички го нападнал едниот полициски службеник. Тој бил совладан и приведен во Полициската станица Драчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
