Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3.6 проценти во јануари годинава во однос на јануари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење камен има намалување на бројот на работниците за 6.2 проценти, во Преработувачката индустрија за 3.6 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари .
2026 година, во однос на јануари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 проценти, Капитални производи за 4.9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 проценту, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9 проценти.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
