Најубавите старословенски имиња кои и денес се користат

Кај Старите Словени, најраспространети биле т.н. „двочлени имиња”, сложенки составени од две посакувани особини или одлики кај човекот.
Според словенската традиција, детето станува член на заедницата кога ќе наполни седум години. Тогаш, на посебна церемонија, тоа добивало ново име кое ќе одговара на неговиот карактер и квалитети коишто родителите и племето ги гледале во самото дете.
Но, дури и ако детето немало изразени (или пофални) особини, честопати, сепак добивало „славно” име кое би го потсеќало на она што го нема, но кон коешто треба да се стреми. Следат некои од тие стари имиња кои и денес се користат кај словенските народи…
Борислава – воинка;
Витомирка – мирољубива господарка, моќница;
Градислава – онаа која ја гради сопствената слава;
Далиборка – далечна, долготрајна борба;
Људмила – онаа којашто на луѓето им е мила;
Младенка – да биде засекогаш младолика;
Озренка – онаа која има остар поглед;
Светлана – со светла, чиста душа;
Чедна – чиста, чесна;
Белослав – белина, симбол на честта; а пак, -слав означува слава, славно;
Вишеслав – да биде пославен од предците;
Гостерад – гостољубив;
Дарко – оној кој дарува;
Жирослав – во чест и слава на дабот којшто бил свето дрво кај Старите Словени;
Жарко – пламен, огнен, издржлив, решителен, одлучен, борбен;
Зор – сила, моќ, издржливост;
Ивша – словенско свештено дрво;
Јарослав – оној што го слави богот Јарило;
Перун – старословенскиот бог на громот, врховен бог.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
