Најтопло во Гевгелија и Дојран, најмногу врнежи во Скопје - Петровец
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје - Петровец, шест литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје - Зајчев Рид, Крива Паланка и Берово, еден литар на единица површина. Во Виница, пак, се измерени четири литри на метар квадратен. Но, како што информира УХМР, овие вредности за количините врнежи се од дождомерните места. Поради локалноста на процесите, водниот талог многу варира и во различни делови количината може да е многу поголема од измерената.
Според УХМР; утрово до 08:30 часот е најтопло во Гевгелија и Дојран, 21 степен, а најсвежо во Берово, 10 степени. Дванаесет степени се измерени во Лазарополе, 13 во Крива Паланка и Маврови Анови, 14 во Битола, 15 во Тетово, Струмица, 16 во Скопје-Петровец, Охрид и Попова Шапка, 17 во Прилеп, Штип, Виница, Крушево, Куманово, Дебар и Велес, како и 18 сатепени во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Демир Капија и Кавадарци.
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 38 степени.
Ново на Сител
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест против "Зврнец", учествуваа 250 илјади демонстранти
-

Македонец ја убил Гркинката исчезната пред три седмици, телото го закопал во поле
-

Во вторник второ пријавување во јуни за упис во средните училишта, слободни над 11 000 места
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
-

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници
-

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
-

Иранската нафта ќе биде клучен тест за секој конечен мировен договор со САД
