Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка

Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -12 степени, по што следуават со -10 Берово, -9 Крива Паланка, -8 Ѓуриште, -7 Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови, -6 Kрушево и Виница. Во Велес, Пожаране и Тополчани, Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира - 5 степени Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Штип, - 4, Претор, - 3, Струмица, Охрид, Кавардарци, Тетово и Битола - 2, Демир Капија -1, а во Гевгелија 1 степен.
На Попова Пашка има 24 снатиметри снег, 7 во Маврови Анови, 4 во Крушево.
Како што најави УХМР, изутринава е малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
МИА
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
