Најмногу снег во Ѓуриште, најстудено во Маврово

Најмногу снег во Македонија има во Ѓуриште, каде што снежната покривка е 14 сантиметри, а најниска температура е измерена во Маврово минус шест степени целзиусови.
Во Тополчани има 12 сантиметри снег, Пожаране десет, Маврово девет, Мазарополе и Берово пет, Крива Паланка четири, а Битола и Крушево еден сантиметар.
Во Демир Капија, Крива Паланка и Маврово наврнале десет литри дожд на метар квадратен, девет во Берово и Струмица, осум во Тетово и Лазарополе.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во текот на ноќта во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Штип дуваше ветер со брзина до 55 километри на час.
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во северните и источните делови се уште ќе има провејување на слаб снег. Преку денот облачноста ќе се намали и ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во Пелагонија, каде на места ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до четири степени.
Од утре па се до крајот на неделата ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе бидат во интервал од минус девет до минус два степена, а дневните ќе бидат во постепено покачување.
Ново на Сител
-

Стручно мислење: Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот
-

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година
-

РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
-

Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка
-

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос - предвидени се бројни состаноци за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија | ВИДЕО
-

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија порасна на 40, прогласена тридневна жалост
-

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Романија последен противник на македонската репрезентација во Б-групата на ЕХФ Еуро 2026
