Најмногу од трошоците за животната средина се за постапување со отпадот

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2015 година изнесува 4.454.830 илјади денари, објави Државниот завод за статистика.
Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2015, којшто е 422.111 милиони денари, изнесува 1,06 отсто.
Најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад 52,8 отсто, потоа учеството на трошоците за заштита на воздухот 13,8 отсто и трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода 11,9 отсто.
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина.
Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 37,9 отсто, а учеството на трошоците
за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 62,1 отсто.
Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 3.861.895 илјади денари, односно 86,7 отсто.
Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 32,3 отсто се наменети за инвестиции, а 67,7 отсто се за одржување на средствата.
Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 85,0 отсто.
Ново на Сител
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
