Најмалку осуммина убиени при напад во училиште во Тексас

Најмалку осум лица се убиени денеска при напад во средно училиште во градот Санта Фе во американската сојузна држава Тексас.
Како што јави Би-Би-Си, во врска со нападот локалната полиција привела едно лице.
Локалните власти во Санта Фе соопштија дека „има ранети лица при инцидент со активен стелец“ што се случил по почетокот на наставата во училиштето, но полицијата засега не ги потврди информациите за жртви.
Би-Би-Си јави дека не е познато дали напаѓачот бил ученик во училиштето, но Си-Би-Ес, повикувајќи се на изјави на очевидци, наведува дека нападот го извршил тинејџер облечен во црно вооружен со сачмарка со скратена цевка.
Оцевидци тврдат дека пукотниците започнале откако во училиштето се вклучил алармот за пожар, но засега не е познато кој го активирал.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
