Најмалку осум лица загинаа во стампедо на навивачи во Камерун
– Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо што се случи пред фудбалски натпревар на Африканскиот куп на нации во Камерун.
Меѓу жртвите е и едно дете, соопшти Министерството за здравство на Камерун, додека според извештај уште неколку деца изгубиле свест, пренесува Би-Би-Си.
На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа ужасно стампедо од фудбалски навивачи кои се обидуваат да се пробијат до стадионот „Пол Бија“ во главниот град на Камерун, Јаунде.
Стадионот има капацитет од 60.000 гледачи, но поради ограничувањата поврзани со Ковид-19, неговата исполнетост не требаше да надмине 80 проценти.
Локалните власти соопштија дека околу 50.000 луѓе се обиделе да присуствуваат на натпреварот.
Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) во соопштение информира дека „во моментов ја истражува ситуацијата и се обидува да добие повеќе детали за тоа што се случило“.
Натпреварот меѓу Камерун и Коморските Острови се одигра и покрај инцидентот и заврши со победа на домаќините од 2:1.
Ново на Сител
-

Честитка од Стоилковиќ по повод Денот на државноста на Србија
-

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ
-

Со низа настани Србија го слави Денот на државноста
-

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
-

Денес се празнува Сретение Господово
-

Во Пожаране за 24 часа 48 литри дожд, во Тетово 45, во Лазарополе 33
-

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
-

Техеран: Иран е подготвен да разговара за компромиси за нуклеарната програма
