Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми.
Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време.
Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци.
Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема оддалеченост. Двајцата повредени, жители на заливот Сент Полс Беј, во моментот на експлозијата биле во близина на фабриката.
Полицијата соопшти дека во моментот на експлозијата во објектот немало ниту еден од вработените во фабриката.
На терен се распоредени полициски и екипи на службите за цивилна заштита и итна медицинска помош, како и припадници на вооружените сили, кои го обезбедуваат местото. Упатен е повик до граѓаните да не се приближуваат до зоната.
МИА
Ново на Сител
-

Антимигрантски протести во Белфаст: Опожарени возила и куќи
-

Муцунски од Софија: Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во безбедноста и стабилноста на Европа
-

Приведени две лица од Скопје, осомничени се дека украле патничко возило
-

Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда
-

Италијанец ќе стане првиот европски астронаут на мисијата „Артемис“ на НАСА
-

Јаневска: Честитки за успешно завршената учебна година, да продолжиме заедно да ги спроведуваме промените за поквалитетно образование
-

Белата куќа ги брани забраните за влез на дел од учесниците на Светското првенство во фудбал 2026
-

Поранешен командант на талибанците осуден во САД на 42 години затвор
