Најмалку двајца загинати при уривањето на зграда во Либан

Најмалку две лица загинаа, а четворица се спасени од урнатините на повеќекатната станбена зграда што се урна денеска во северниот либански град Триполи, објавија државните медиуми.
Телата на жена и дете беа извлечени, објавија државните медиуми.
Спасувачките екипи продолжуваат да копаат низ урнатините, а не беше веднаш јасно колку луѓе имало во зградата кога се урнала.
Според медиуми, зградата се наоѓала во населбата Баб Табанех, една од најсиромашните области во вториот по големина град во Либан, каде што жителите долго време се жалат на негрижа од страна на владата и лоша инфраструктура.
Либанското Министерство за здравство објави дека повредените при уривањето ќе добијат лекување на трошок на државата.
Националниот сојуз на сопственици на имоти во соопштение го нарече уривањето резултат на „очигледната небрежност и недостатоци на либанската држава во однос на безбедноста на граѓаните и безбедноста на нивното домување“ и рече дека тоа не е изолиран инцидент.
Синдикатот ја повика владата да започне сеопфатно национално истражување на зградите што се изложени на ризик од уривање.
МИА
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
