Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија

Неколку илјади американски пожарникари седми ден се борат со големите шумски пожари во Калифорнија, додека спасувачките тимови се обидуваат да ги пронајдат телата на евентуално новите жртви од огнената стихија, која веќе зеде најмалку 50 животи.
Откриени се тела на уште шест лица во Парадајз, град кој е речиси целосно изгорен и од каде се 48 од 50 жртви.
На северот на државата, пожарот наречен „Камп Фајр“ уништи 50.600 хектари, а совладен е само во ниво на 35 отсто, покажуваат податоците на калифорниските пожарникари. Повеќе од 6.500 куќи и 260 продавници изгореа од минатиот четврток, кога почна да се шири пожарот. Повеќе од 5.100 пожарникари се распоредени за гаснење на тој пожар, најсмртоносен во историјата на Калифорнија.
Неколку стотици километри појужно, пожарот „Вулси фајр“ уништи 39.300 хектари во близина на Лос Анџелес, каде загинаа најмалку две лица. До вчера беше угасен само во ниво од 40 отсто. Речиси 3.600 пожарникари се борат со огнената стихија која ги уништи домовите и на неколку славни личности.
Повеќе од 250 илјади лица добија наредба да ги напуштат своите домови во поширокото подрачје на сакраменто, како и во Малибу и околината.
Засега не се утврдени причините за двата пожари.
Ново на Сител
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Дебрца
-

Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
