Најмалку 20 повредени во две експлозии во фабрика во Крагуевац

Најмалку 20 лица се повредени денеска при две експлозии во Техничко-ремонтниот завод во српскиот град Крагуевац, што се случиле во период од еден час.
Како што јави РТС, експлозиите се случил во погонот за ремон на оружје во фабриката.
По првата експлозија избувнал пожар, при чие гаснење се урнал покривот на опожарениот објект и затрупал неколку лица. За време на пожарот се случила и втората експлозија.
Службата за брза помош во Крагуевац соопшти дека досега се примени 14 повредени лица, а оние кои имале изгореници веднаш се префрлени на лекување во крагуевскиот Ургентен центар.
Началникот на секторот за вонредни ситуации на Крагуевац, Драгош Радовановиќ изјави дека немало причина за евакуаџија на жителите во населбите, кои се наоѓаат во близина на фабриката.
Ново на Сител
-

Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
