Најголемата украинска банка бара 3 милијарди надомест од ревизорот ПвЦ

Најголемата украинска банка ПриватБанк денеска најави дека поднела тужба против украинската и кипарската филијала на глобалната ревизорска куќа Прајс Вотерхаус Куперс (ПвЦ) вредна три милијарди долари.
Според ПриватБанк, овие компании ги прекршиле правилата за ревизорските услуги што ги пружиле на ПриватБанк во периодот од 2013 до 2015 година. ПриватБанк беше национализирана во 2016 година поради нејзините наводни ризични инвестиции и кусокот од 5,5 милијарди долари на нејзиното салдо. Како резултат на оваа зделка, украински власти веќе му забранија на ПвЦ да дава ревизорски услуги во Украина.
- Банката ПриватБанк смета дека претрпела загуби поради сериозното и долготрајно кршење на правилата од страна на ПвЦ при вршењето на ревизијата на финансиските извештаи на ПриватБанк, информираше банката.
Ново на Сител
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
-

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
-

Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
-

12-годишно девојче паднало од тротинет и тешко се повредило
-

19-годишник го претепал детето на сестра му
-

Трет танкер поврзан со Иран влезе во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина
-

Пронајден починат 59-годишен маж во Општина Чашка
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
