Најавувањата на Груевски се остварија, нова инвестиција ќе отвори 200 работни места
Како и што најавив на 24-ти декември минатата година во медиумите, денес се остварува ветувањето, се реализира инвестиција на компанијата German Electro-Mechatronic Systems за производство на LED светилки што ќе значи 200 вработувања, напиша премиерот Никола Груевски на својот ФБ профил.
-Со вчерашната инвестиција на компанијата BRG и рестартирањето на “Порцеланка” за два дена тоа е објава и почеток на реализација на две нови инвестиции што ќе значат 1200 вработувања, луѓе кои ќе земаат плата, со сигурна иднина и јасна перспектива за своите семејства. Нашата визија се остварува, нашиот план за нови вработувања и за подобар животен стандард, како и поддршка и развој економијата станува реалност, напиша Груевски.
Премиерот додаде дека тие така и ќе продолжат да се грижат за граѓаните и да работат за нештата кои се важни за напредокот на Република Македонија.
Ново на Сител
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
