Најавен нов прекин на железничкиот сообраќај

Претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски за денеска од 7 часот најавија прекин на железничкиот сообраќај, поради неисплатен втор дел од платата за октомври.
Како што изјави Чакаровски вчера за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.
Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемвриската плата. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.
Во одлуката е наведено и надоместокот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, како и дека во спротивно, нема да работат веќе од наредниот ден.
Ново на Сител
-

При обид да одглави заглавена сајла на кран 48-годишен работник загина во Тетово
-

Кривична за полициски службеник: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот
-

Пронајдена неексплодирана топовска граната од Првата светска војна со калибар од 75 мм
-

Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет
-

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законските измени за укинување на техничката влада
-

Стабилно и потопло време во наредните денови
-

Повеќе од една година на незапирлив раст: Како НАН го трансформираше пазарот за наплата на побарувања во Македонија
-

АХВ: Спорната бебешка храна на HiPP не е увезена во Македонија
