Наезда на крлежи во овој период - како да се заштитите
Крлежите станаа голема опасност во последните години, бидејќи пренесуваат лајмска болест. Сепак тоа не значи дека треба да им забраните на децата да одат во тревата, но треба да преземете превентивни мерки пред и по играта.Нозете и вратот, делот зад увото и косата, се најчести места на кои се кријат крлежите. Чувствителните места треба да се заштитат со средства кои ги одбиваат инсектите. Но, проблемот е во тоа што крлежот е снаодлив, па умее да најде места кои не се намачкани.
Лајмска болест, хеморагични треска и воспаление на мозокот се дел од болестите кои може да се пренесат преку крлежите.Според инфектолозите не секое каснување значи и пренесување на болест: -Многу е важно да не се вадат дома сами не стерилни средства кои може дополнително да предизвикаат друга инфекција. Понекогаш се обудуваат сами да го вадат крлежот, но главата на крлежот ќе остане и ако има инфекција тоа може да предизвика дополнителни компликации додава д-р Наунова Јовановска.
На лекар треба да се јават и лицата кои по една до две недели откако биле каснати од комарци или крлеж, добиле висока температура, треска и осип по телото. Ова се дел од препораките на лекарите за заштита од крлежи.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, неговите адвокати бараат ослободителна пресуда
-

Со статистика и без одговори одбележан Светскиот ден за безбедност при работа
-

Кол Томас Ален обвинет за обид за атентат врз Трамп - му се заканува доживотен затвор
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
