Надворешниот долг на Албанија достигна осум милијарди евра

Надворешниот долг на Албанија заклучно со јуни годинава изнесува осум милијарди евра.
Во деталната анализа на Централна банка на Албанија се наведува дека бруто надворешниот долг на земјата во однос на бруто домашниот производ, бележи намалување за пет отсто, достигнувајќи ниво од 70 отсто од БДП.
Во сруктурата на долгот Владата го носи најголемиот товар со 43,2 отсто или 3,4 милјарди евра. Во однос на БДП, владиниот надворешен долг изнесува 30,2 отсто и е понизок за 1,7 проценти споредено со лани.
По Владата, следни во задолжувањето се компаниите, со странски позјамици на кои отпаѓе 22,4 отсто од вкупниот долг.
Односот меѓу јавниот долг и албанскиот извоз е на ниво од 183,6 отсто, што е над критичното ниво од 150 проценти.
Банката оценува дека девизните резерви на Албанија се доволни за да се справи со можните негативни шокови од надвор. Оваа резерва покрива повеќе од 6,5 месеци од увозот на стоки и услуги.
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
