Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
Поранешниот тенисер број еден во светот, Рафаел Надал вели дека тешко дека повторно ќе игра во Барселона. Матадорот од Мајорка 12 пати го освојуваше трофејот во Барселона, а сега во второто коло загуби од Алекс де Минор со 7:5, 6:1.
- Можам со речиси целосна сигурност да кажам дека нема повеќе да се натпреварувам овде. Посакувам да можев да бидам поконкурентен, но за мене беше убаво што можев да одиграм два натпревари. Тешко ми е... Имав среќа да напишам прекрасна историја на овој турнир, а сега другите ќе се обидат да ме престигнат. Се има почеток и крај, нема драма“, изјави Надал.
Додаде дека ќе игра во Мадрид ако се чувствува добро, а сега треба да одработи добра недела на тренинзи.
Шпанецот се обидува да гледа на иднината со оптимизам.
-Овде заминувам убеден дека направив чекор напред, не требаше да бидам на својот врв денес. Ако моето тело добро реагира на тренинзите, верувам дека ќе направам чекор напред и во Мадрид. Ако телото може да го издржи дополнителното оптоварување, тогаш ќе можам да се справам подобро - не зборувам за победа, туку за да имам ниво на игра за да можам да се борам. Малку подобро во Мадрид, малку подобро во Рим и во Париз, ако даде Господ. Тоа ќе биде моментот да се обидам да дадам се од себе, тоа ќе биде моментот да умрам за тоа, изјави Рафа по мечот.
Ново на Сител
-

ЕУ планира забрана за социјални мрежи, четботови и онлајн-игри за деца под 15 години
-

Нема активни пожари, а еден е под контрола - кај село Белица и Јасен
-

Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер
-

Јанша по средбата со Руте: Словенија ќе ја исполни обврската од два отсто за одбрана
-

Кипарската полиција откри 260 килограми кетамин во магацин во пристаништето Лимасол
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето
-

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник
