Нацистички обележја откриени во две касарни на германската армија

Министерството за одбрана и Генералштабот на Вооружените сили на Германија наредија итна инспекција во сите германски воени касарни, откако во две од нив беа откриени обележја и спомени од времето на нацизмот.
Во овие две касани биле најдени предмети и материјали поврзани со германската нацистичка армија Вермахтот од времето на Адолф Хитлер.
Случајот беше откриен по скандалот со десничарскиот екстремизам во армиските редови, кога еден офицер беше обвинет за планирање заговор за напади врз сириски бегалци. Станува збор за еден 28-годишен армиски поручник, кој беше уапсен кон крајот на минатиот месец.
Во Германија е законски забрането истакнување и носење на кој било од некогашните нацистички симболи и обележја или величење на времето на нацизмот.
Весникот „Шигел“ пишува дека во една од касарните истрагата открила фотографии на војници, пиштоли, шлемови и воени ознаки на Вермахтот од времето на нацистичка Германија,
Германскиот министер за одбрана Урсула фон дер Лејен изјави дека „нема да се толерира возвишување на Вермахтот и нацизмот“ во денешната армија на Германија.
Поради овој инцидент таа ја одложи договорената посета на САД.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
