Началникот на Генералштабот на Армијата, Ѓурчиновски, во посета на Обединетото Кралство
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од денеска до 24 ноември ќе престојува во работна посета на Вооружените сили (ВС) на Обединетото Кралство.
Како што информира ГШ на АРМ, во рамки на работната посета на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство, генералот Ѓурчиновски ќе оствари средба со началникот на Главниот штаб на ВС, адмирал Сер Антони Радакин.
-Генералот Ѓурчиновски ќе оствари официјална средба и со Лорд Стјуарт Пич, маршал на британското воено воздухопловство, кој е специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан и поранешен претседавач на Воениот комитет на НАТО, се наведува во соопштението.
За време на престојот во Обединетото Кралство, генералот Ѓурчиновски, заедно со делегацијата на Армијата, ќе ги посети и oдбранбената академија во Шривенам, како и авијациската база на кралското воздухопловство-Булмер каде ќе оствари средба со воените раководители.
Ново на Сител
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
