Македонија
31. July 2021 - 8:24

На Табановце и Богородица за излез се чека 1 час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање 1 час, исто така за излез на  ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, на ГП Богородица време на чекање за излез околу 1 час.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.