На крводарителска акција во Велес собрани 213 крвни единици

На крводарителската акција која вчера и денеска се одржа во Велес биле собрани 213 крвни единици. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен крст од Велес, а во соработка со екипи од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Лекари од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје изјавија дека вчера биле собрани 115, а денеска 98 крвни единици, со што, спроед нив, акцијата успешно е спроведена.
Сите собрани крвни единици се однесени во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје од каде со овие крвни единици потоа ги подмируваат потребите на пациентите во скопските клиники.
Инаку, овој биланс е приближно ист со минатогодишната акција кога биле собрани 207 крвни единици. Оваа крводарителската акција во Велес се организира по 24 пат.
Во изминативе години во просек се собирале по 200 или околу 300 крвни единици. Инаку во 2009 година биле собрани рекордни 375 крвни единици, а во 1998 година дури 400 крвни единици.
Ново на Сител
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
