На крајот на 2020 година, стапката на невработеност 16,4 отсто
Стапката на невработеност во 2020 година била 16,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци за 2020 година, бројот на активно население во Република Македонија е 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,4 отсто, а стапката на вработеност 47,2 отсто.
Податоците покажуваат дека во првиот квартал од 2020 година стапката на невработеност изнесувала 16,2, во вториот 16,7 отсто, третиот 16,5 и во четвртиот квартал 16,1 отсто. Во 2019 година стапката на невработеност изнесувала 17,3 отсто.
Од вкупниот број невработени во 2020 година, 60,7 отсто биле мажи, 39,3 отсто жени,
Според возраста, најмногу невработени (98 362 лица) се меѓу 25 и 49 години.
Од вработените, најголем дел се ангажирани во преработувачката индустрија 158 135 лица, трговијата на големо и мало 116 970 лица, земјоделство, шумарство и рибарство 95 545…
Ново на Сител
-

Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
-

Од утре променливо облачно и нестабилно време со врнежи, пообилни во вторник и среда
-

Мерка притвор за лице кое во Штип полово вознемирувало 16-годишна девојка
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест против "Зврнец", учествуваа 250 илјади демонстранти
-

Македонец ја убил Гркинката исчезната пред три седмици, телото го закопал во поле
-

Во вторник второ пријавување во јуни за упис во средните училишта, слободни над 11 000 места
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
