На интернет објавени наводно податоци за речиси 50 милиони Турци

Хакери на интернет објавиле податоци кои наводно содржат лични информации за речиси 50 милиони турски државјани, објавија турските медиуми, повикувајќи се на информација на американската агенција АП.
Агенцијата наведува дека само делумно успеала да ја потврди автентичноста на оваа информација, објаснувајќи дека ги проверила податоците на 10 лица и било утврдено дека за осуммина тие се точни.
Во базите на податоци се наоѓаат 49.611.709 информации, како што се броеви на лични карти, домашни адреси, датуми на раѓање и имиња на родители.
Медиумите наведуваат дека тука се наоѓаат и податоци за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, неговиот претходник Абдулах Ѓул и за премиерот Ахмет Давутоглу.
Хакерите оставиле и порака: „Кој би можел да замисли дека заостанатите идеологии и зголемениот верски екстремизам во Турција можат да доведат до распаѓање на техничката инфраструктура?“.
Турските официјални претставници засега не ги коментирале ваквите наводи.
Ново на Сител
-

Трамп: Загинувањето на американските војници е трагедија, новите напади врз Иран се казна за Револуционерната гарда
-

Киев повторно под жесток удар на руски балистички ракети, има загинати и повредени
-

Макрон му се заблагодари на Дешан за неговата работа со француската репрезентација
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран откако загинаа американски војници во Јордан
-

Во Општина Крушево ќе биде отворена новата канцеларија за административни услуги
-

Најмногу дожд наврнал во Берово
-

Англија ја победи Франција за третото место со 6:4
-

Браќата Ендру и Тристан Тејт уапсени во Мајами по барање за екстрадиција од Велика Британија
