Фудбал
9. March 2016 - 21:02

МЗТ Скопје по продолжение го победи Фени Индустри

 
 
 Екипата на МЗТ Скопје Аеродром забележа победа на гостувањето во Кавадарци против Фени Индустри.
 
Во дуелот кој се одигра попладнево во салата „Јасмин’’, а со кој беше комплетирано 19.коло во Првата македонска лига, актуелниот шампион МЗТ Скопје А. славеше победа со 88:96 по продолжение откако во регуларниот ден натпреварот заврши нерешено 83:83.
 
Најефикасен во победничката екипа беше Дамјан Стојановски со 20 постигнати поени, додека постигна по 17 постигнаа Немања Протиќ и Урош Луковиќ. 
 
Кај домашниот тим најефикасен беше Карло Враговиќ со 20 поени.
 
Со оваа победа МЗТ Скопје се врати на врвот на првенствената табела со 34 бодови колку што има и второ пласираниот Карпош Соколи кој има и еден натпревар повеќе. 
 
По овие екипи следуваат: Куманово 32 (19 одиграни натпревари), Фени Индустри 30 (19), Работнички 28 (19), Кожув 27 (18), Струмица 23 (19) и Бест 19 (19).