МЗ: Вчера се аплицирани 4.299 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 453.180 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 265.164 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.036 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.299 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 462.415 дози вакцини, а ревакцинирани се 197.251 граѓани.
Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
-

Еврејската заедница на иста линија со претседателката: Потребен е посебен полициски надзор за објектите на еврејската заедница
-

26.046 денари е новата минимална плата, Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС и најави протести
-

Во среда ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование
-

Утре ќе се прави уште една ексхумација на жена, поради сомнеж дека е жртва на серискиот убиец од кумановско
