МЗ: Бележиме стабилизација на епидемијата во земјата
Согласно неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец, бележиме стабилизација на епидемијата во земјата. Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи, соопшти Министерството за здравство.
Во извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 11 до 17 јануари, процентот на позитивни од тестирани изнесува 16 отсто, што споредено со средината на декември (извештај на ИЈЗ за периодот од 14 до 20 декември 2020 г.) е намалување од 13,3 отсто, кога процентот изнесувал 29,3 отсто.
Во истиот извештај од декември бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во една недела изнесувал 4.585, а во извештајот на ИЈЗ за минатата недела таа бројка изнесува 2.397, што покажува намалување од 48 отсто. За истиот период бројот на смртни случаи на неделно ниво е речиси преполовен, а значително е зголемен бројот на оздравени пациенти.
Според вчерашната дневна статистика бројот на активни случаи изнесува 11.924. Споредено со истиот датум во декември кога бројката е 21.979, бројот на активни случаи е намален за 46 отсто.
Еден од клучните индикатори е и бројот на хоспитализации на инфективните оддели во главниот град и болниците низ земјата. Вчера биле хоспитализирани 598 пациенти, што е речиси двојно помалку од хоспитализираните на истиот датум во декември, односно 51 отсто.
По значителното намалување на бројот на хоспитализации, затворени се ковид – центрите на Клиниката за очни болести и Клиниката за уво, нос и грло, а клиниките се враќаат на својата редовна работа, посочуваат од Министерството за здравство и порачуваат граѓаните да останат одговорни и да продолжат доследно и целосно да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 и превенција од натамошно ширење на вирусот.
Ново на Сител
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
