МВР: За четири години реконструирани 58 објекти, во моментов дополнително се работи во пет градови
МВР во рамки на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-техничките и инфраструктурни капацитети на македонската полиција, покрај 58-те веќе реконструирани објекти, продолжува со подобрување на условите во полициските објекти и во другите градови.

Во моментот се реализираат реконструкциски активности во Куманово, Прилеп, Крушево, Чашка и Полициски центар Ѓорче Петров.

– Како и во веќе завршените 58 објекти, и во овие, следејќи ги стандардите на енергетска ефикасност и заштеди на енергија, истовремено се запазува и потребата од заштита на животната средина, преку замена на постојните начини на загревање со поставување на парно греење, наместо досегашната употреба на огревното дрво како енергенс. Притоа, старите прозорци се заменуваат со нови ПВЦ прозорци, се врши замена и на внатрешната дотраена столарија и изработка на надворешна фасада, стои во денешното соопштение од МВР.

Актуелното раководство во Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението, ќе продолжи со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата и да создава модерна, опремена, стручна и мотивирана полиција која ќе испорача уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
