МВР: Со кривична пријава до ОЈО предаден П.В. поради насилство

Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје денеска со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство - Скопје го предаде лицето П.В. (37), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство“ предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик на Република Македонија.
МВР соопшти дека на 25 март околу 16:20 часот пријавениот П.В. на плоштад „Македонија“ во Скопје физички го нападнал Г.М. (пратеник во Собрание на Република Македонија). По пријавувањето на настанот, преземени се соодветни мерки и активности за негово расчистување.
- За таа цел објавивме и фотографија од напаѓачот и побаравме помош од граѓаните при неговата идентификација. Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал пријавениот е лишен од слобода, посочуваат од МВР.
Ново на Сител
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
