-->
-->
МВР: Со брза интервенција на полицијата пронајдено украдено „ауди“ во Скопје
-->

Денеска (29.07.2022) со брза интервенција на полицијата, во Бутел е пронајдено патничко возило "ауди", сопственост на Р.Ф., кој околу 15.00 часот во Полициска станица Чаир го пријавил дека му било одземено. Според пријавеното, тој возилото го оставил со клучеви во брава, пред угостителски објект во Скопје Север, а неговото внимание било искористено и возилото му било одземено.
По добиената пријава, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир веднаш излегле на терен и по преземени мерки и активности го пронашле возилото паркирано на ул. "Гвадалахара".
По извршениот увид одземеното возило ќе биде вратено на сопственикот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ученици од земјава ќе учествуваат на Олимпијада за роботски спортови на грчкиот остров Крит
-

Премиерот Мицкоски на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”
-

Цената на нафтата расте по обраќањето на Трамп за Иран
-

НАСА ја лансираше мисијата Артемис II, прв лет со екипаж кон Месечината по повеќе од половина век
-

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу брзо, исклучително силни напади во наредните недели
-

Возел во спротивна насока, а кога бил запрен му се заканувал на полицискиот службеник, приведен вработен во МВР
-
Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Центар
-
Облачно со дожд, на повисоките местa и снeг
