МВР и ОЈО денес на прес-конференција ќе информираат за убиството на Вања Ѓорчевска

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски денес во 09:30 часот ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за убиството на 14-годишнината Вања Ѓорчевска.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се откажани за денес најавените работни средби во СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север.
Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство вчера соопштија дека во близина на Скопје е пронајдено безживотното тело на 14-годишнината Вања која се водеше за исчезната од 27 ноември. Во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој се водел за исчезнат од 24 ноември.
За двата случаи, како што информираа од МВР, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.
- Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочија од МВР.
Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.
Според информацијата на МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.
Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, од МВР посочуваат, дека се преземени мерки и активности за нивно пронаоѓање. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и друго.
Извршен е увид на двете локации каде се пронајдени телата и издадена е наредба за обдуција. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации, информираа во заедничко соопштение Јавното обвинителство и МВР.
Од МВР информираат дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.
Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната во понеделникот, на 27 ноември од нејзината мајка. Последен пат била забележана во период по 7.20 часот, на пат кон училиштето Песталоци.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
