Музејот на Град Скопје ќе биде целосно реконструиран

Со еден милион евра целосно ќе се реконструира Музејот на Град Скопје, соопшти денеска градоначалникот Петре Шилегов на промоција на монографијата за 70 години постоење на установата.
-За околу еден месец Град Скопје со инвестиција од околу 1 милион евра ќе почне со целосна реконструкција на овој музеј. Да блесне овој објект во полн сјај и сето богатство што го има да биде презентирано на многу поубав начин од тоа што беше досега. Очекувам дека кога во септември-октомври ќе го реотвориме обновениот музеј, скопјани, но и културната јавност од регионот и од Европа ќе биде изненадена и одушевена од новиот изглед на Музејот на Град Скопје, рече Шилегов.
Додаде дека е особено горд што Град Скопје има ваква институција која во своеето работење вклучува повеќе компоненти, остварува научно-истражувачка дејност, го собира, чува, заштитува и презентира богатиот музејски материјал, а покрај тоа што бил домаќин на изложби од познати светски автори, со свои изложби МГС имал и меѓународни гостувања.
Уредници на монографијата „70 години Музеј на Град Скопје 1949-2019)“ се Емил Алексиев и Фросина Зафировска, Таа ги претставува сите значајни предмети и уметнички дела од збирките на музејот, ги опфаќа значајните настани и печатени изданија што се резултат на работата на неколку генерации музејски работници.

По историската фаза, МГС продолжува да се развива во институција што ги опфаќа и спојува археологијата (од првите ископувања на античкиот театар на локалитетот Скупи 1959/1960), така што во публикацијата се обработени и, како што рече Битракова, ремек-делата на Скупи, Говрлево и Таор. Монографијата претставува и дела од средновековната уметност, модерното сликарство и скулптура, етнологијата и богатата колекција на облека од 19 и почетокот на 20 век, ја претставува и богатата издавачка продукција на МГС, како и организирањето изложби од областа на архитектурата и проектите за Венециско биенале и за Прашко квадриенале.

Институцијата променила повеќе објекти од формирањето во 1949 година – била во зградата на старата телеграфска пошта близу „Св. Спас“, потоа во Ѓорче Петров, а од 1970 е на сегашната локација во некогашната Железничка станица делумно разурната во скопскиот земјотрес.
Седумдеценискиот јубилеј на Музејот на Град Скопје ќе биде претставен и на видеопроекција вечер од 20 часот, а ќе биде отворена и изложба која ќе може да се посети до 12 март.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива
-

ЦУК: Три активни пожари на отворен простор во земјава до 13:00 часот
-

Силен ветер го разгорува пожарот кај Неокази во Пробиштипско, зафатени две куќи, жителите евакуирани
-

Пожар на Исар во Штип, загрозени куќи – се бара воздушна поддршка
-

Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики
-

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР
-

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите
-

Мицкоски: Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење
