-->
-->
Mурињо потпишал преддоговор со МЈ
-->

Неколку британски таблоиди и портали, повикувајќи се на извори од Португалија, во петокот, пренесоа дека Жозе Мурињо има потпишан преддоговор со Манчестер Јунајтед. Поранешниот тренер на Челзи, на „Олд Трафорд“ ќе пристигне по завршувањето на сезоната.
Англиските таблоиди тврдат дека челниците на Јунајтед веќе ја донеле одлуката Луј ван Гал, по завршувањето на сезоната да го напушти клубот. Холандскиот тренер, сезонава е под жесток притисок, бидејќи резултатите не се наочекуваното ниво, а алармот на „Олд Трафорд“ се вклучил кога Манчестер Сити обелодени дека Пеп Гвардиола ќе биде нивниот нов менаџер.
Градскиот ривал ги натерал челните луѓе на Јунајтед да побараат друго решение за менаџерската функција, а изборот е Мурињо. Инаку, дел од Управниот одбор на клубот повеќе сака како наследник на Ван гал да го види менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, но опцијата била отфрлена поради лошото искуство на Јунајтед со Дејвид Мојс, но Мурињо добил предност поради своето големо исксутво во најдобрите европски клубови, нешто што Покетино го нема.
Шпанскиот „El Confidencial“ и „ESPN“, тврдат дека деталите околу договорот веќе ги договорил менаџерот на Мурињо, Жорге Мендеш, а наводно клучен човек во трансферот на Мурињо, бил извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
