Муцунски: Нема зборови за утеха за оваа трагедија, повеќе држави понудија помош

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски истакна дека ова е тажен ден за државата и оти нема зборови што можат да бидат утеха за оваа трагедија.
- Тежок и тажен ден за државата. Нема зборови што можат да бидат утеха за оваа трагедија. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите им изразувам најдлабоко сочувство и сила да ја издржат оваа незамислива загуба, наведува Муцунски во објавата на Фејсбук.
Министерот информира дека утрово остварил телефонски разговор со негови колеги од повеќе земји, кои изразиле сочувство за несреќата во Кочани и ја понудиле својата поддршка и капацитети на располагање на нашата држава.
- Веќе сме во координација и комуникација со нашите соседи и меѓународни партнери за обезбедување соодветна помош, согласно потребите на пациентите и проценките на стручните медицински лица, напиша Муцунски.
Муцунски додава дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање за секоја неопходна поддршка и помош, во координација со надлежните институции.
Според последните официјални инмформации до 11:30 часот, во пожарот што изби во дискотека во Кочани синоќа загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 е од Кочани, четири се од Штип.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
